Повозрасните ги влече носталгија кон минатото, кон времето од социјализмот, систем кој често се смета за идеален, но не е баш така. За тоа зборуваат настаните од тоа време. Кон крајот на јуни 1976 година, Фудбалскиот клуб Победа одржа Редовно годишно собрание. На него се изнесени интересни бројки.
Имено, за последните 12 години (1964-1976) клубот променил 13 тренери на местото шеф на Стручниот штаб, а 60 фудбалери дошле и заминале. Клубот потрошил над 400 милиони стари динари, а моменталното салдо – минус 50 милиони стари динари. Минусот се сметал како последица на тоа што клубот бил во долгови повеќе од 10 години. За последните две години констатирано е дека Победа трошела точно онолку колку што имала.
Во врска со играчкиот кадар, спомнаѕта е потребата од подигнување на повисоко ниво на Младинската школа, откаде најистакнатите ги пополнуваат празнините во првиот тим. А празнини се појавуваат затоа што дел играчи најавуваат заминување во војска (ЈНА), а некои преселба во други клубови. Во однос на пласманот, вербата е во место повисоко од 13., (меѓу 18 тима), кое е освоено во претходното првенство на Втората југословенска лига – Исток
Собранието избра пленум од 25 и Управен одбор од 11 члена, предводен од претседателот Димо Оровчанец.