За в среда од 19 часот е закажано Собрание на Фудбалскиот клуб Караорман, а за час порано (18 ч.) е најавен пријателскиот меч во Струга помеѓу Караорман и прилепска Победа. Поради временското совпаѓање двата настана не ќе можат да се одржат така како што се најавени, па побаравме објаснување од струшкиот клуб. Оттаму велат дека ќе има поместување на Собранието онолку колку што е потребно, така што пријателскиот меч може непречено да се одигра меѓу 18 и 20 часот.
За Караорман е прв тест, за Победа втор, по тој со Новаци во саботата.