Фудбал

ПОБЕДА И ВАРДАР ИГРААТ ВО НЕГОТИНО!

Одамна е најавен пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу второлигашите Победа и неготински Вардар. Се знае точно денот и датумот (сабота, 29 јули), но не е сигурно местото на одигрување. Така е затоа што спротивни најави има клупските на Фејсбук-страници од Победа и Вардар. На едната пишува дека ќе се игра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, на другата дека мегдан ќе биде стадионот во Неготино.

– Во Неготино играме, сигурно. Така се договоривме – вели Сашо Крстев, некогашен фудбалер на Победа, сега претседател на Вардар.

За Вардар е четвртиот пријателски натпревар (по трите на гости – со Кожуф, Пелистер и Тиквеш), а за Победа трет (по дома со Новаци и на гости со Караорман).

Од категоријата

ПАК МЕЧ ЗА 5000 ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

НЕ Е КРАЈ, ИМА УШТЕ 4 МЕЧА НА ГРАДСКИ!

Зоран Иге

ПОБЕДА НАМЕСТО ДОМАЌИН ВО ПРИЛЕП – ГОСТИН ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе