Фудбал

ПОБЕДА СО НОВ НАПАЃАЧ ПРОТИВ ТЕТЕКС?

Попладнево (17 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се игра пријателскиот фудбалски натпревар Победа – Пелистер. Иако пријателски, дуелот меѓу вечните соседни ривали секогаш е интересен, особено сега кога се во иста конкуренција, Втората лига. Од прилепскиот клуб јавуваат за најново потенцијално засилување веќе за 1. коло од првенството, 24-годишниот Дарко Грозданоски, напаѓач.  Беше член на струмичка Беласица, а претходно има играно за скопски Вардар, Силекс, Тиквеш и за Победа, во сезоната 2021/22. Практично може да биде повратник во Прилеп. Доколку пристапи, ќе биде  осми новодојден во Победа, по голманот Иван Николоски, одбранбените Мартин Талески, Христијан Кукески и Валентин Белески, за врска Константино Ѓорѓиовски, напаѓачите Филип Димоски и Беким Алимоски.

Денешниот е последен пријателски меч, во пресрет на првенството на 12 август, кога Пелистер и гостува на Беласица, а Победа дома игра со Тетекс.

Од категоријата

ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ПРЕДАЛЕКУ ЗА ПРИЛЕПЧАНКИТЕ

Зоран Иге

ПОБЕДА СТИГНА ДО ОПСТАНОК СО 104 БОДА

Зоран Иге

ТРИУМФ НА ДЕСПИНА ЗА ПОГЛЕД КОН 4. МЕСТО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе