Фудбал

МИТИЌ СИГУРНО ДОАЃА

За фудбалскиот турнир „Прилеп куп 2023“ се е подготвено за утрешниот почеток во 15,30 часот на стадионот кај Могилата во Прилеп. Ова е второ издание, прво меѓународно, со оглед на учеството на клуб од странство, Јединство Бошњаче од Лесковац, Србија. Се работи за клуб предводен од тренерот Игор Митиќ, поранешен фудбалер на Победа, во сезоната 2000-01. Во спомен му е фотографијата од реванш-мечот со италијанскаиот гигант Парма. Клубот Јединство Бошњаче ќе учествува во највоизрасната категорија за пионери родени во 2011 година.

На стадионот кај Могилата подготвени се трибините за четиридневно уживање на гледачите, тревнатата подлога искосена и израмнета за убава игра на фудбалерчињата на трите терени. Во групата за пионери родени 2015 година има 12 екипи, во 2014 се 10, во 2013 има 11, во 2012 се најмногу – 13, а во 2011 има 12. Така, вкупно учествуваат 58 екипи од 18 клуба од  9 места. Прилеп и Битола се застапени со по 4 клуба, Струга со 3, Охрид 2, Могила, Кичево, Штип, Демир Хисар и Лесковац со по 1. По 5 екипи пријавија пет клуба: Тони и Академија Еврогол (Прилеп), Талент и Пелистер (Битола) и Јанг тим (Струга).

Организаторите – Општина Прилеп и ФК Прилеп подготвија пехари, медали, пакети  со производи за најуспешните (од секоја категорија по три екипи и за најдобар играч и голман), а најавена е и дополнителна награда како изненадување при прогласувањето в недела.

 

Од категоријата

ЕДЕН МЕСЕЦ Е ОДМОРОТ ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

СТАДИОНОТ СЕ ПОЛНИ ПО 77 ДЕНА!

Зоран Иге

ПОБЕДА СЕ СЕЛИ НА ДРУГ ТЕРЕН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе