Уште од првата минута играчите на Победа ја уверија публиката дека ќе види одлична игра, многу голови и шанси. Натпреварот беше богат со убави потези и брза игра од двете страни, црвен картон за гостинскиот голман Амзаи, одбранет пенал на Николоски.
За Победа стрелци беа Филип Димоски во 1 минута, Дарко Грозданоски 13, Јорданчо Наумоски 74, Анатолиј Петејчук 77 и Филип Спиркоски во 90, а за Тетекс Матео Софијаноски во 36 м. Убави акции и голови, а оној на Јорданчо Наумоски – Оцко потсети на неговиот татко Тони, кој на идентичен начин го префрлаше „живиот ѕид“ погодувајчи го горниот агол.
ПОБЕДА: Николоски, Талески, Стомнароски, Кочоски, Дебрешлиоски (58. Горгиовски), Ф. Димоски (85. Ф. Спиркоски), Наумоски (85. Богевски), Кукески, А. Петејчук (88. Л. Петејчук), С. Спиркоски, Грозданоски (85. Алимоски). Тренер: Филип Мирчески.
ТЕТЕКС: Амзаи, Стојковски, Спасовски, Мат. Софијаноски, Богдановски, Салији (60. Елмази, 74. Богојевски) , Мар. Софијаноски, Јанакиевски, Обадиќ (26. М. Јаневски), Ристески, Јакимоски,. Тренер: Стојан Тодороски.
РЕЗУЛТАТИ: Победа-Тетекс 5:1, Башкими – Охрид 1:0, Осогово – Беса 0:4, Беласица – Пелистер 0:2, Новаци – Аресими 2:0, Саса – Скопје 1:1, Детонит – Вардар (Н) 1:0 и Кожуф – Караорман 3:0.
ТАБЕЛА: Победа 3, Беса 3, Кожуф 3, Новаци 3, Пелистер 3, Башкими 3, Детонит 3, Саса 1, Скопје 1, Вардар (Н) 0, Охрид 0,Аресими 0, Беласица 0, Караорман 0, Тетекс 0, Осогово 0.
НАРЕДНО КОЛО (сабота 19 август): Башкими-Победа, Охрид-Караорман, Вардар (Н)-Кожуф, Скопје-Детонит, Аресими-Саса, Пелистер-Новаци, Беса-Беласица, Тетекс-Осогово.
НА ТРИБИНАТА ФУДБАЛЕРИ ОД СРБИЈА
Натпреварот Победа – Тетекс го гледаа околу 1000 фудбалски љубители, меѓу нив и гости од неколку македонски града, екипи учесснички на Меѓународниот турнир „Прилеп куп 2023“. На трибината беа и фудбалерчиња од Лесковац, Србија, предводени од тренерот Игор Митиќ, некогашен фудбалер на Победа.
Покрај навивачи на Победа, имаше и поддржувачи на Тетекс.