Фудбал

(фото) ДВА ПЕНАЛА, ГРЕДА И ЧЕТИРИ ГОЛА!

Екипата Цевитана со 3:1 беше подобра од Истатов, на пријателски меч денеска во Прилеп. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ сите возбудувања беа главно во првото полувреме. Домашниот тим поведе со голот на 16-годишната Ана Боризоска. Од пенал на 2:0 зголеми 17-годишната Михаела Настовска, а гол со удар од далечина околу 25 метри под пречката постигна пак 16-годишна девојка, штипјанката Никица Трендова за недостижни 3:0. Во второто полувреме, дури во финишот, во 88. минута Истатов намали на 3:1 преку Стефанија Ристова.

Гостинките имаа уште шанси, но претходно несовладлива беше домашната голманка, Босанката Иман Шљиво. Еднаш топката удри во гредата од нејзиниот гол, а при шутот од пенал топката прелета над пречката. Ова беше втор тест за Цевитана, по тој со битолски Топ гол, добиен исто со 3:1. Екипата од тренерите Катерина Милеска и Диме Аџулески со подготовки од еден месец го очекува стартот на прволигашкото првенство на 26 август, со Шкендија во Тетово. 

Во Првата женска фудбалска лига се 10 тима: Цевитана (Прилеп), Шкендија и Љуботен (Тетово), Речица (Куманово), Топ гол (Битола), Тиверија (Струмица), Саса (Каменица), Ас унитед (Струга), Скопје и Истатов (Скопје).

 

 

Од категоријата

НАТПРЕВАРИ ДО ПОЛНОЌ!

Зоран Иге

ЗБОГУМ ЗА НЕКОГАШНИОТ ИГРАЧ И ТРЕНЕР НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото) И ДЕВОЈКИТЕ СО ОТПОР НА МАШКИОТ ТУРНИР ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе