Ракомет

НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО Е ВО ГОЛМАНСКИ РАЦЕ!

Денешниот е четвртиот и последен ден од Осмиот мемомријален меѓународен ракометен турнир „Миле Нешковски“. По одигрувањето на мечевите за конечен пласман ќе се знаат екипните награди за прво, второ и трето место и поединечните– за голман, стрелец и играч. Една награда веќе е позната, тоа е наградата за животно дело, за голем придонес кон прилепскиот ракомет. Овојпат таа ќе му биде доделена на Тодор Арапчески – Тошко, во шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години на 20 век легендарен голман и голмански тренер во некогашниот Тутунски комбинат, клуб долгогодишен член на Втората југословенска лига. Во врска со кариерата на Арапчески, новинарот Миле Талески во книгата „Монографија за прилескиот ракомет “ има напишано:

„…Прилепската и македонската, па и пошироката јавност, добро го паметат Тошко Арапчески по своите бравурозни одбрани, а знаеше да одбрани и серија од седум пенали. Знаеше да присили противничките голгетери да му честитаат за бравурозните одбрани. Беше бестрашен, со префинети рефлекси и ги воодушевуваше и симпатизерите на противничките екипи. Тошко, честопати, беше јунакот кој на својата екипа и носеше победа. Никогаш не беше во слаба форма, а за него сите натпревари беа како првенствени… А, дека беше еден од најдобрите голмани во Македонија најдобро потврдува фактот што ги бранеше и боите на македонската репрезентација. Со право беше најдобар спортист и на Тутунскиот комбинат и на Прилеп…“

Пред доделувањето на наградите, еве ја денешната програма во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“:10 ч. за 7. место: Скопје – Пролет, 12 ч. за 5. место: Струга – Кокс, 14 ч. за 3. место: Прилеп – Еурофарм Пелистер 2, 16 ч. финале: Дубочица – Мултиесенс.

 

Од категоријата

УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ПАК ВО МИСЛИТЕ НА РАКОМЕТАРИТЕ!

Зоран Иге

ЕДЕН ГОЛ РЕШИ ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ТРЕТ УСПЕХ ВО СЕРИЈА ЗА ДЕСПИНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе