Шах

ПРИЛЕПСКО ДЕРБИ ВО ОХРИД!

Во Охрид е Државното екипно шаховско првенство на Македонија, во чија рамка е денешното 5. коло, со прилепското дерби Пелагон – Прилеп. Ако се земе предвид изгледот на табелата, фаворит е Прилеп, минатогодишниот вицешампион, со освоени 4 поени, додека Пелагон има 1. Во претходните рунди, Прилеп го совлада Шкупи со 4:2, потоа и Анпасан (Шипковица) со 5:1, но загуби од шампионот Алкалоид со 4:2 и од Гостивар со 2,5:3,5. Тимот Пелагон загуби од Гостивар со 2:4, од скопски Гамбит со 1,5:4,5 и од Куманово со 2,5:3,5, а ремизира 3:3 со Шкупи. Досега екипите настапуваа во овие состави, Пелагон со ВМ Далибор Стојановиќ (Б и Х), ВМ Никола Седлак (Србија), Горан Готовуша, Дејан Ѓорѓиески, Марјан Дамчески и Мартин Николовски, додека Прилеп со ВМ Бобан Богосављевиќ (Србија), ВМ Мирослав Миљковиќ (Србија), ИМ Дејан Стојановски, ИМ Тони Кироски, Кире Николоски, Васко Дамески, ВМ Тони Најдоски и Благоја Дамески.

ТАБЕЛА: Алкалоид 8, Гамбит 6, Гостивар и Куманово 5, Прилеп 4, Шкупи 3, Пелагон 1, Анпасан 0.

ДЕНЕШНО 5. КОЛО ОД 16 Ч.: Пелагон – Прилеп, Алкалоид – Шкупи, Гостивар – Анпасан, Гамбит – Куманово.

Од категоријата

(фото) И ДАНЕЦ НА ТУРНИРОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

САМО ОВДЕ ИМА БОРБА НА 12 ПРОТИВ 79-ГОДИШНИК!

Зоран Иге

ПРИЛЕП АТАКУВА НА МЕДАЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе