Фудбал

ШВЕДСКА: РОДНИОТ ГРАД НА КАРЧЕСКИ И ДОНЕСЕ СРЕЌА НА МАКЕДОНИЈА!

Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска во Јеншепинг, Шведска, со 1:0 ја совлада домашната фаворизирана репрезентација, со голот на Иван Николов во 7. минута, во 1. рунда од квалификациите за пласман на ЕП во Словачка 2025 година. Градот Јеншепинг е родно место пред 31 година на фудбалерот Даниел Карчески, член на прволигашот Тиквеш, со матичен клуб Победа.

– Мило ми е што токму во мојот роден град во Шведска, Македонија го постигна овој голем триумф – ни рече возбудено Карчески.

МАКЕДОНИЈА: Алчевски, Деспотовски, Рамадани, Стојчевски, Фета, Николов, Станковски, Рамани, Максимов, Калкан, Илиевски. Играа уште: Абази, Ангелов, Ва. Крстевски, Тодоровски, Златков. Клупа; Николоски, Ви. Крстевски, Ричков, Талаков. Селектор: Драги Канатларовски.

Во следното коло, на 12 септември е мечот дома со Холандија.

Од категоријата

ЈАВУВАЊЕ ОД ПАЛЕРМО ( Јовица Релушкоски, навивач од Прилеп )

Зоран Иге

ПРЕД БАБУНСКИ СИТЕ СИЛИ ЗА В НЕДЕЛА!

Зоран Иге

(фото) ТЕРЕНОТ ГОЛЕМ, СИЛИТЕ МАЛИ, РЕШИЈА – ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе