Според моделот на големите фудбалски организции, во Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп се воведе Супер куп, каде се среќаваат победниците од првенсвото на А-лигата и Купот. Така, во Забрчани се сретнаа Кадица (првак на првенството од ОФС Прилеп) и крушевски Питу Гули (освојувач на Купот од ОФС Прилеп). Победи Питу гули со 3:0, со два гола на Ѓорѓи Стрезовски, еден на Благојче Митрески. Победничкиот пехар од Петре Илиоски, секретар на ОФС Прилеп е во рацете на капитенот Оливер Велевски.
Наредни предизвици се – за Кадица првенството во Општинската лига на ОФС Прилеп, за Питу Гули Третата лига – Југ.