Денеска беше стартот на Третата фудбалска лига – Југ. На игралиштето со вештачка трева во Прилеп интересен дуел имаа дебитантот во оваа лига Ултрас и Локомотива од Градско. Прво домашните поведоа со 2:0, со головите на Бојан Јовески во 7. и Христијан Свртиновски во 29. минута. Гостите не се предаваа и за само две минути – во 70 и 71. минута стигнаа до израмнување на 2:2 со двата гола на Агуш Шабаноски. Се наѕираше реми, но во последната 90. минута на необичен начин Михаил Јакопетревски даде гол за 3:2 во полза на Ултрас. Така уште петпати се затресоа новите убави бели мрежи, поставени од ЖФК Цевитана и ОФС Прилеп.
РЕЗУЛТАТИ
СЛЕДНО 2. КОЛО (24 СЕПТЕМВРИ ВО 15 ЧАСОТ)