100 години фудбал во Прилеп

ПРИЛЕПЧАНЕЦ КРАЈ АУТ-ЛИНИЈА ПРЕД 90 ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ!

Покрај фудбалери и тренери, Прилеп имал и врвни фудбалски судии. Сепак, поради тоа што долго време е жител на Скопје, недоволно се споменува како прилепчанец Петар Костоски – Перула. Тој од сите Македонци има највисоко достигнување, до финалето од Купот на европските шампиони, денешна Лига на шампионите. Тоа се случи на 30 мај 1973 година на стадионот „Маракана“ во Белград, каде пред 90 илјади гледачи се одигра финалето Ајакс – Јувентус (1:0). Костоски беше еден од помошниците судии, токму на страната каде се постигна единствениот гол, дело на Џони Реп. По прегледот на снимката се гледа дека нема офсајд, дека се е регуларно. А и воопшто, делењето на правдата беше со највисока оценка за овој меч. За спомен е фотографијата покрај славниот капитен на Ајакс, Јохан Кројф.

Костоски умре на 79 години во Скопје, во 2004 година.

Од категоријата

АЦУЛЕ И СТРУМИЧАНИТЕ

Зоран Иге

ВО АЛБУМОТ СЛИКЧИЊА И ОД ПРИЛЕПСКИ ФУДБАЛЕРИ

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА НА СТАДИОНОТ „МАРАКАНА“!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе