Шах

СЕ СПРЕМАА ЗА РИВАЛ ОД ИТАЛИЈА, ИМ ДОЈДЕ ОД ИСЛАНД!

Шахот е древна игра и преубав спорт, натпревар со употреба на умствените способности. За жал, има недостатоци во организациска смисла. Највисокото клупско натпреварување – Европскиот клупски куп (пандан на фудбалската Лига на шампионите), до последен момент немаше одредено точни парови – кој против кого во првата рунда. Пред неколку дена се мислеше дека Прилеп (76. рангиран) за противник ја има италијанската Падова (34.), за неа и беа подготовите, но вчера, кога прилепската екипа отпатува за Драч, на таблите седна против исландскиот Викинг. Тоа е затоа што се случиле промени. Сега, според стартното рангирање, Викинг е 33. место, Прилеп 75. меѓу 84 клуба.

Според очекувањата, Викинг победи со 4,5:1,5. Единствената победа ја постигна Дејан Ѓорѓиески на четвртата табла против фидемајсторот  Пал Тораринсон, а реми изваде Алекс Насков на шестата табла со Гунар Рунарсон. За Прилеп настапија уште: ИМ Тони Кироски на првата, Кире Николоски на втората, Горан Готовуша на третата, Марјан Дамчески на петтата табла.  

Вториот македонски претставник, скопски Гамбит (31. по ранг), постигна победа со 4:2 врз ирската Гонзага (73.). Во денешното 2. коло, Прилеп игра пак со исландски тим, Акурејри (54.), а Гамбит за противник го има Вугар Гашимов од Азербејџан (10.).

Од категоријата

ВЕЛЕСКИ ПОДОБАР ОД 60 КОНКУРЕНТИ НА ПРВЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СТАНА ПРВОЛИГАШ!

Зоран Иге

СТРАНЦИ ВО БИТКАТА ЗА МАКЕДОНСКИ ШАМПИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе