Шах

УШТЕ ЕДЕН ИТАЛИЈАНСКИ ТИМ ПАДНА ПРЕД ПРИЛЕП!

Во синоќешното 5. коло од Европскиот клупски куп во Драч, Албанија, Прилеп (рангиран на 75. место) со 3,5:2,5 го совлада италијанскиот Клуб 64 (рангииран 58). Ремизираа ИМ Тони Кироски на првата табла со Лука Балоти, Кире Николоски на втората со ФМ Габриеле Франчини, Горан Готовуша на третата со Франческо Ферагути, победија Дејан Ѓорѓиески на четвртата со Самуеле Мами и Марјан Дамчески на петтата против Рикардо Диониџи. Во денешното претпоследно 6. коло Прилеп игра со луксембургшкиот Шифланге.

Другиот македонски претставник, скопски Гамбит (рангиран на 31. место) со 2,5:3,5 загуби од црногорската Електропривреда (17). Денеска Гамбит игра со шведскиот Рокаден.

ТАБЕЛА: 1. Оферспил (Норвешка) 10 бода, 2. Суперчес (Романија)10, 3. Асниер (Франција) 8… 17. Рокаден (Шведска) 6,…20. Гамбит (Скопје) 6… 58. Шифланге (Луксембург) 4,…64. Прилеп 4… 84. Галвеј (Ирска) 0.

 

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СТАНА ПРВОЛИГАШ!

Зоран Иге

(ФОТО+ВИДЕО) МЕТЕЖ КАЈ ШАХОВСКАТА ТАБЛА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ХРВАТСКА: ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ НАД НЕКОГАШНИОТ СВЕТСКИ МЛАДИНСКИ ШАМПИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе