Предмалку на теренот со вештачка трева во Прилеп Цевитана – Саса 0:2. Очекувана победа на фаворитот од Каменица, со оглед на квалитетниот состав, во кој има пет фудбалерки од странство. Станува збор за Фереира да Силва Рената Бруна, Делгадо Бенедито Мајса и Фрагосо Туане Де Соуза (Бразил), Гонзалес Руеда Катерине Мишел (Панама) и Иригучи Нанока (Јапонија), Во домашниот тим има само една од странство, голманката Иман Шљиво (Босна и Херцеговина). Стрелци на головите: Ева Андонова во 36. и Фрагосо Туане Де Соуза во 54. минута.
Следен натпревар: Љуботен – Цевитана (в петок).