Наместо в сабота, утревечер (петок) во 19 часот е ракометниот натпревар од 9. коло на Б-групата од машката Супер лига на Македонија, Прилеп – Пролет. Значаен дуел, особено за прилепскиот тим, кој има бледа серија од пет кола. По поразите од скопски Вардар, Мултиесенс и Еурофарм Пелистер, ремито дома со Голден арт, најнов беше поразот од Бутел (27:21) во Скопје. Скромниот фонд од 7 бода е благодарение на двете победи во првото и третото коло – дома со Бутел и со неготински Вардар. На утрешниот натпревар судии се Глигор Ќаев и Спаско Ќаев, делегат Марјан Начевски – сите од Скопје.
ТАБЕЛА: Еурофарм П. и Вардар С. 21, Бутел 15, Пролет 12, Голден арт 10, Прилеп 7, Мултиесенс 6, Вардар Н. 0.