Премиерниот меч од 9. коло на Б-групата од машката Супер лига на Македонија беше вечерва, Прилеп – Пролет 19:22. Домашниот тим испушти шанса да ја прекине лошата серија од шест меча без победа (пет пораза и едно реми). Играта на моменти беше во полза на Прилеп, претежно рамноправна во поголемиот дел од мечот, но кога Пролет ја имаше иницијативата, стигна до пресврт и свое водство.
Не полувремето беше 11:13. Потоа во вториот дел имаше најголема борба. Во еден момент беше нерешено 17:17. Се чинеше дека тесно ќе биде до крајот. Но, токму во тој период четири-нула направи серија екипата на Пролет и водството го задржа до крајот. Така конечни 22:19 за Пролет.
ДРУГИ ДВОЈКИ ОД ОВА КОЛО: Голден арт – Вардар Н., Мултиесенс – Еурофарм Пелистер, Вардар С. – Бутел.
ТАБЕЛА: Еурофарм П. и Вардар С. 21, Бутел и Пролет 15, Голден арт 10, Прилеп 7, Мултиесенс 6, Вардар Н. 0.
СЛЕДНО 10. КОЛО: Вардар Н. – Прилеп, Пролет – Вардар С., Бутел – Мултиесенс, Еурофарм Пелистер – Голден арт.