Продолжува Првата женска фудбалска лига на Македонија. На ред е 10. рунда. Утре (сабота) на теренот со вештачка трева во Прилеп од 14 часот е мечот Цевитана – Шкендија. Прилепскиот тим е со шанса за победа, со која се прекинува серијата од три порази – од Тиверија, Саса и Љуботен.
ДВОЈКИ: Цевитана – Шкендија, Топ гол – Речица, Љуботен – Тиверија, Ас унитед – Саса, Истатов – Скопје.