Фудбал

(фото, видео, состави) ЧЕТВРТИ ТРИУМФ НА ПОБЕДА, „СТОТКА“ ЗА СТОМНАРОСКИ!

Попладнево Победа – Скопје 1:0, во 12. рунда од Втората фудбалска лига на Македонија. Пресудниот момент е во 37. минута, кога стрелец на победоносниот гол беше Филип Димоски. За разлика од гостинскиот кој имаше поретки обиди спречени од голманот Иван Николоски, домашниот тим имаше повеќе од играта, создаде изгледни шанси, но не го зголеми водството поради шутеви крај и над голот, во гредата, а неколкупати чудесно одбрани гостинскиот голман, прилепчанецот Александар Игески. За одбележување е што Скопје одигра безмалку цел меч без Марко Андоновски, исклучен уште во 9. минута.

Овој натпревар има и јубилејно значење – стоттиот меч во дресот на Победа на денешниот капитен Филип Стомнароски, кој по тој повод доби пригоден подарок од клупскиот секретар Филип Илиоски.

ПОБЕДА: Николоски, Талески (87. С. Спиркоски), Стомнароски, Кочоски (87. Арифи), Д. Дебрешлиоски (17. Горгиовски), Ф. Димоски, Алимоски (87. Миланоски), Поп-Антоски (60. Ивчески), Кофиловски, Паноски, Богевски. Тренер: Јане Николоски.

СКОПЈЕ: Игески, Османовиќ, Велиновски, Митревски (90. Јовановски), Кировски, Андоновски, Ѓорѓиевски (82. Даци), Божиноски, Коцев, Попоски, Најдоски. Тренер: Љупчо Марковски.

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО: Победа – Скопје 1:0, Охрид – Беса 1:3, Тетекс – Пелистер 0:1, Башкими – Арсими 1:2, Осогово – Вардар Н. 2:2, Беласица – Караорман 2:1, Новаци – Кожуф 1:0, Саса – Детонит 1:3.

ТАБЕЛА: Беса 31, Детонит 26, Пелистер 24, Охрид и Беласица 20, Кожуф, Тетекс и Башкими 17, Арсими и Новаци 16, Победа 15, Скопје и Вардар Н. 12, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7.

СЛЕДНО 13. КОЛО (25 ноември во 13 ч.): Арсими – Победа, Детонит – Охрид, Кожуф – Саса, Караорман – Новаци, Вардар Н. – Беласица, Скопје – Осогово, Пелистер – Башкими, Беса – Тетекс.

Видео на следниот линк:

Од категоријата

ДАЛИ ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ИЗРАДУВА ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА?

Зоран Иге

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ЧУДА ОД ПРИЛЕПСКИОТ ВЕЈН РУНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе