Фудбал

НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП!

Денеска на теренот со вешташка трева во Прилеп, Цевитана – Истатов 1:4. Ова, во секој случај, може да се смета за изненадување, резултатско. Самата победа на гостите не е никаква сензација – тоа што ги освоија бодовите, бидејќи можеа да се очекуваат сите три исхода – домашна победа, реми и гостинска. Но, високиот резултат не е очекуван, ако се има предвид дека пред натпреварот двата тима имаа ист број бодови – 12. Предноста на домашниот терен овојпат не беше искористена. Стрелци: Катерина Милеска во 68. минута (Цевитана), а Љубица Асановиќ во 13., Кристина Петрушевска во 73., 81. и во 86. минута (Истатов).

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО: Цевитана – Истатов 1:4, Топ гол – Тиверија 0:4, Речица – Саса 0:6, Љуботен – Шкендија 8:0, Ас унитед – Скопје 4:2.

ТАБЕЛА: Саса 30, Љуботен 29, Ас унитед 26, Тиверија 25, Скопје 19, Истатов 15, Цевитана 12, Шкендија 7, Топ гол 5, Речица 2.

СЛЕДНО 13. КОЛО: Цевитана – Топ гол, Истатов – Ас унитед, Скопје – Љуботен, Шкендија – Речица, Саса – Тиверија.

 

Од категоријата

ФИНАЛИСТИТЕ ПОЗНАТИ ПО ГОЛЕМА ДРАМА!

Зоран Иге

ДАЛИ ЌЕ ИМ СЕ ДОЗВОЛИ ДА ПОБЕДУВААТ СЕ ДО КРАЈ?

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО 95. МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе