Фудбал

(фото, видео, состави, стрелци) АЈАКС ПОМИНА КАКО ЈУВЕНТУС ВО ПРИЛЕП!

Вечерва интересен меч од 7. рунда на Втората футсал-лига на Македонија. Екипата Победа со убедливи 3:0 го совлада Мал Ајакс од Штип. Гостите со звучно име од холандскиот клуб, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ поминаа слично како Јувентус пред шест недели, поразен со 9:6. Денеска Победа функционираше одлично, цврсто во одбраната – предводена од несовладливиот голман Давор Илиоски, а опасно во нападот. Стрелци: Кире Наумоски во 9., Никола Трајкоски во 29. и Александар Китаноски во 39. минута.

ПОБЕДА: Илиоски, Тошески, Спиркоски, Трајкоски, Наумоски, Настески, Макешоски, Китаноски, Ристески, Ујгуноски, Ачкоски, Сркески.

МАЛ АЈАКС: Стојов, Мамудов, Лазов, Наков, Дурмишов, Петриќ, Димитровски, Манев, Стојанов, Филиповски.

 

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО: Победа – Мал Ајакс 3:0, Партизан Брвеница – Енхалон неодигран, Проект – Конзули 13:1, Университи – Кораби 6:12, Каршијака – Скопје 1:2, Шкендија – Балкан 4:5, Јувентус – Кратово 9:0.

ТАБЕЛА: Проект 18, Јувентус 15, Кораби 13, Енхалон 12, Партизан Брвеница 11, Победа, Скопје и Конзули 10, Мал Ајакс 9, Университи, Шкендија и Кратово 7, Балкан 6, Каршијака 1.

СЛЕДНО 8. КОЛО: Партизан Брвеница – Победа, Енхалон – Кратово, Балкан – Јувентус, Скопје – Шкендија, Кораби – Каршијака, Конзули – Университи, Мал Ајакс – Проект.

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ НА ЛИНКОТ:

 

Од категоријата

КОЈ ЌЕ БИДЕ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ?

Зоран Иге

ЕКИПИ ОД 12 МЕСТА ЗА ПЕХАРОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

УШТЕ ЕДЕН СТРУМИЧКО-ПРИЛЕПСКИ ДУЕЛ ДЕНЕСКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе