Ракомет

РАМНО 40 ГОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРУПА!

Во рамките на првото, елиминациско коло од Купот на Македонија за мажи, Прилеп – Јехона 40:17. Иако уште во првото полувреме прилепскиот суперлигаш имаше убедливо водство (19:12), тоа беше поднослив резултат за прволигашот од Гостивар. Но, во вториот дел уште понадмоќна игра од домаќинот, дел во кој Прилеп прими само 5 гола. Така и конечниот исход, од 23 разлика, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.

РЕЗУЛТАТИ: Прилеп – Јехона 40:17, Борец – Пролет 11:49, Куманово – Текстилец 28:21. Останати двојки: Бисинов – Мултиесенс, Кичево – Вардар Н., Металург – Скопје, Голден арт – Аеродром, Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле, Партизан – Тиквеш, Еурофарм Пелистер – Шампион, Бутел – Македонија ЃП, Драчево – Алкалоид, Преспа – Радовиш, Астраион – Струга и Младост – Охрид.

Победниците продолжуваат во групната фаза од Куп-натпреварувањето.

Од категоријата

ПРИЛЕП НЕ ГО ДАВА ПРВОТО МЕСТО!

Зоран Иге

РАЗДЕЛБА СО ЧОВЕКОТ АКТИВЕН ВО ПОВЕЌЕ СПОРТОВИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ОД АУТСАЈДЕР ДО ФАВОРИТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе