Ракометот е многу сакан спорт во Прилеп, иако нема соодветен објект каде се игра. На вечерашниот меч меѓу пелагониските ривали Прилеп и Еурофарм Пелистер, беше исполнета единствената трибина во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Гледачите видоа еден интересен, борбен меч до крајот.
Иако битолскиот тим беше во постојано во водство, домашните ракометари не се предаваа и беа блиску до подвиг, бидејќи им успеа некокупати да се доближат и израмнат. Во финишот, сепак, со многу пот шампионот стигна до трите бода и победа од 38:33. Најефикасни: Денис Шабановиќ со 8, Никола Цветаноски и Давид Трајкоски по 6 гола (Прилеп), а Павле Петровиќ со 10, Петар Атанасијевиќ со 7 и Ненад Костески со 6 гола (Еурофарм Пелистер).
Ова беше последниот меч за есенва.
ТАБЕЛА