Кошарка

НОВ ТРЕНЕР ДОЈДЕ ВО ПРИЛЕП!

Кошаркарскиот второлигаш Мега баскет доведе нов тренер, Србинот Мико Голубовиќ. Иако е од Сомбор, долго време жител е на Битола. Има ФИБА-лиценца и богато играчко интернационално искуство во повеќе клубови на позицијата центар. Веќе почна со тренинзи во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Очекувањата во прилепскиот клуб се големи, за пласман што повисоко од опасната зона. Според пропозициите, отпаѓаат две последнопласирани екипи – на 11. и 12. место, а есента Мега баскет ја заврши на 10. место со три победи и осум порази.

Досегашниот млад тренер Миле Станимировиќ останува во Стручниот штаб, со можност да се врати како играч, штом ја залечи повредата.

Од категоријата

(состави, поени) РЕШАВАЧКА ВТОРАТА ЧЕТВРТИНА!

Зоран Иге

(фото+статистика) БОРБА ПОД КОШОВИ И НА ПАРКЕТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(ФОТО)ТРИУМФАЛНО ОД МЕГА БАСКЕТ: РАМНО 100 ПОЕНИ ЗА КРАЈ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе