Фудбал

ПРИЛЕПСКИ ЕКИПИ ВО ДРУШТВО НА ЗВЕЗДА, ПАРТИЗАН, ДИНАМО…!

Има промена на времето за одржување на Меѓународниот фудбалски турнир за деца родени меѓу 2011 и 2017 година „Чин-чин куп“ во Златибор, Србија. Следното 14. издание, наместо како што прво беше најавено – од 25 до 28 април, ќе биде малку порано, од 18 до 21 април оваа година. Значи – една недела порано сите екипи учеснички (има од Прилеп и од други места на Македонија) ќе се појават во регионот на преубавата природа, на терените на Златибор.

Според главните луѓе од организацијата, Влада Мартинов и Игор Митиќ, покрај екипи од сите некогашни републики на СФР Југославија (Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија), најавено е учество и од Бугарија, Молдавија и Романија. Очекувањата се за настап на 120 до 140 тима, меѓу нив од гигантите:  Црвена звезда и Партизан од Белград, Динамо од Загреб.

Од категоријата

ПАК ВИСОК РЕЗУЛТАТ, 7:1!

Зоран Иге

ЗА ИГРА ТРЕБА МОТИВ

Зоран Иге

НАЈТЕЖОК РИВАЛ ЗА КУПОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе