Македонскиот ракометен суперлигаш Прилеп одигра пријателски меѓународен меч во Лесковац, со домашната Дубочица, српски суперлигаш. Победија домашните со 31:24, полувреме 18:14. Најефикасни: Марко Радуловиќ, Андрија Атанасковиќ и Лазар Анѓелковиќ со по 6 гола (Дубочица), Ангел Крстески 6, Никола Цветаноски 5, Левани Имнадзе 4 (Прилеп). Во секој случај, добра проверка на прилепскиот тим, за негување на долгодецениските клупски односи.
Според најавата, Прилеп ќе одигра пријателски натпревар и со Тиквеш, в среда, во Кавадарци.