Во рамките на подготовките за Втората лига, екипата Победа продолжува со одигрување пријателски мечеви. Денеска (14 ч.) е дуелот со тетовскиот Арсими, исто така член на второлигашкото друштво. Мегдан е Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Претходно имаше три проверки за екипата на тренерот Јане Николоски: со Охрид (1:3), со Вардар Н. (1:3) и со Кожуф (0:3). За Победа на овие мечеви настапија: Николоски, Столевски, Кофиловски, Поп-Антоски, Д. Дебрешлиоски, Ристов, Арифи, Горгиовски, Крајоски, Влаши, Шиков, Миланоски, М. Талески, С. Спиркоски, Богевски, Да. Спиркоски, Л. Петејчук, И. Трајкоски, Г. Димоски, Ивчески, Табаковиќ и Речкоски.
За екипата Арсими денешниот е трет пријателски натпревар зимава.