Голем интерес е за учество на Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре“, кој е во чест и спомен на големиот пингпонгар, тренер и спортски работник. За третото издание,в сабота и в недела во салата од ОУ “Добре Јованоски” во Прилеп, се очекуваат близу 200 учесници од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Македонија.
– Во тек е пријавувањето, а последен ден е утрешниот. В петок е ждрепката. Се надеваме на бројка приближна до ланската од 180 учесници – вели Златко Рикалоски, член на Организацискиот одбор.
Натпреварите се во повеќе восрасни категории: сениорска, младинска, кадетска и ветеранска. За најдобрите обезбедени се медали, пехари и парични награди.
Организатое е клубот Младост 96.