Фудбал

(фото, видео) ИГРАЧ НА ПОБЕДА Е ВО ЛАС ПАЛМАС!

На 14 јануари, на Василица, според традицијата во Победа, во буреци се бараше паричка и таа во своето парче ја најде Константино Горгиовски, што значеше негова среќа. Тој знак за среќа бргу се оствари, синоќа, кога 17-годишниот фудбалер од средниот ред го одржа првиот тренинг во Лас Палмас, клубот член на највисокиот ранг на Шпанија, Примера лига. Како до ова дојде, ни јавува таткото на Константино, Алекс, по потекло од Долнени:

 

– Константино, како кадетски репрезентативец на Нов Зеланд, во Лас Палмас на лекарски прегледи и тестирања отпатува по препорака на главниот скаут на Лас Палмас, Бранко Миловановиќ и менаџерот Чарли Периса. Тие го следеа последнава година, како низ настапите во Нов Зеланд за У17, каде беше еден од клучните играчи за пласман на Светското првенство, така и во сениорскиот тим на Победа каде дебитира на 16 години и одигра 14 меча (просек 60 минути по меч) и постигна еден гол од волеј-удар, при триумфот над Детонит.

Сега очекувањата се Константино да потпише стипендиски договор со овој клуб од Канарските Острови, прво да настапува за младинската екипа, а од јуни да завери и професионален договор за место во сениорскиот тим од Лас Палмас.

Ова што му се случува на Горгиовски е поттик за работа на останатите млади играчи, затоа што Победа, во кој и ранг да учествува, дава можност за прогрес во кариерата.

ВИДЕО ОД СИНОЌЕШНИОТ ТРЕНИНГ ВО ЛАС ПАЛМАС:

 

Од категоријата

ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ: ТРИ ГОСТИНСКИ ПОБЕДИ, НА Г. КОЊАРИ, ВЛАЗНИМИ И УЛТРАС!

Зоран Иге

КАПИТЕНОТ БАРА „ТРЕСЕЊЕ“ НА ТРИБИНИТЕ!

Зоран Иге

ПОБЕДА Е СО ВТОР НАЈДОБАР НАПАД И СО ПРВ СТРЕЛЕЦ ВО ВТОРАТА  ЛИГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе