Во рамките на 3. коло од фудбалската женска Прва лига на Македонија, попладнево во 15 часот се игра интересен меч на игралиштето со вештачка трева во Прилеп, Деспина – Тиверија. Прилепчанките имаат мотив да им вратат на струмичанките за поразот од 0:4 на пријателскиот натпревар. На претходните две кола, двата тима имаат по една победа и еден пораз
Други двојки: Скопје – Саса 0:5, Истатов – Шкендија 4:1, Љуботен – Ас унитед, Речица – Кочани, Кул здравје – Борец.