В недела е новото издание на Меѓународниот шаховски брзопотезен турнир „ „Алкалоид ОПЕН“ во Скопје. Меѓу 248 пријавени од 7 држави (Бугарија, Шпанија, Германија, Грција, Косово, Србија, Македонија), има и прилепски шахисти. Велемајсторот Звонко Станојоски е на 10-тата стартна позиција, фидемајсторот Роберт Велески на 28., Дејан Ѓорѓиески на 38., Горан Готовуша на 46… Наградниот паричен фонд е 150 илјади денари. Како главен фаворит за првото место е учесникот со највисок рејтинг, велемајсторот Кирил Георгиев со 2589 поени, пред интермајсторот Дејан Стојановски со 2491 (двајцата од Македонија).
Турнирот е во хотелот „Континентал“.