Најдобрите четири тима одат во завршницата (полуфиналето) од Купот на Македонија во ракомет за жени. Таму не е прилепска Деспина, со оглед на поразот со 21:30 од скопски Вардар. Ова е резултатот од денешниот дуел во салата „Круме Кепески“ во Скопје.
За Деспина утеха е вчерашната висока победа од 30:19 врз Шампион од Скопје. Во победничкиот состав најмногу голови – 8 постигна Сања Цветкоска, по 4 дадоа Елена Рипилоска и Мери Гичева – Конеска. Тоа беше полуфинале од групата 3, во која Вардар со 34:17 ја совлада Гевгелија.
Во машка конкуренција, во групата 1 во Кавадарци, Прилеп со 23:27 загуби од скопски Мултиесенс. Овде од вчера се знае победникот, домашниот Тиквеш – со победите над битолски Еурофарм Пелистер 2 и со Мултиесенс.