Во денешната 15. рунда од Третата фудбалска лига – Југ само еден домашен тим успеа да победи – Бучин. Оваа екипа со 3:1 ја совлада Марена. На дербито во Големо Коњари, Големо Коњари – Превалец 2:2. Домашните поведоа со голот на Ерџан Ибраимоски во 31. минута, а потоа пресврт настана со головите на Ангел Гаштев во 41. и на Иванче Давитков во 49. Домашните израмнија со вториот гол на Ерџан Ибраимоски, во 58. минута. Овој резултат не го загрозува лидерот Борец, тим кој денеска беше слободен.
РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Бучин – Марена 3:1 (Горан Колчакоски 2, Давид Солески – Мартин Јовановски), Локомотива – Слога 1:6 (Ерсан Шабанов – Самир Каришиќ 2, Шабан Османоски, Онур Имероски, Адмир Угљанин, Емир Каришиќ), Ултрас – Росоман 0:6 (Слободан Дуков, Кристијан Јованов, Марко Миловановиќ, Бојан Миланов 3), Младост – Питу Гули 0:4 (Соте Андреески 2, Оливер Велевски 2), Големо Коњари – Превалец 2:2 (Ерџан Ибраимоски 2 – Ангел Гаштев, Иванче Давитков).
ТАБЕЛА: Борец 30, Росоман, Големо Коњари и Превалец 27, Питу Гули 21, Слога 19, Младост 18, Ултрас 14, Марена 11, Локомотива 10, Бучин 7.
СЛЕДНО 16. КОЛО (7 април во 15 часот): Марена – Големо Коњари, Превалец – Младост, Питу Гули – Борец, Росоман – Локомотива, Слога – Бучин.