Во рамките на 28. рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, Скопје – Победа 1:1. Младиот тим на Победа и вторпат сезонава се спротивстави на квалитетниот состав на Скопје. Потсетуваме, есеноска во Прилеп беше 1:0 за Победа. На денешниот дуел стрелци беа Мердиан Рамадани во 29. минута (Скопје) и Ивица Трајкоски во 63. минута (Победа). Два убави гола, со силни и прецизни шутови. Бодот за Победа е резултат на добрата, борбена игра по целиот терен, како и цврстата одбрана на чело со голманот Антонио Столевски, кој и денеска и од зицер не дозволи да се затресе мрежата.
СКОПЈЕ: Јовчев, Османовиќ, Митревски, Шуку (60. Ристовски), Кировски, Јанакиевски, Божиноски, Коцев, Попоски (83. Пашариковски), Рамадани (87. Наков), Најдоски. Тренер: Љупчо Марковски.
ПОБЕДА: Столевски, Сарески (62. Д. Шаркоски), И. Трајкоски (76. Тасески), Д.Дебрешлиоски (42. Г. Димоски), Адили, Поп-Антоски, Ивчески, Кофиловски, С. Спиркоски (42. Ристов), Да. Спиркоски (76. Л. Петејчук), Богевски. Тренер: Јане Николоски.
РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Победа 1:1, Беса – Охрид 4:0, Пелистер – Тетекс 3:0, Арсими – Башкими 2:0, Вардар – Осогово 3:0, Караорман – Беласица 0:4, Кожуф – Новаци 2:1, Детонит – Саса 0:0.
ТАБЕЛА: Беса 70, Пелистер 64, Детонит 56, Арсими 47, Скопје 40, Охрид 39, Вардар Н. и Башкими 38, Беласица и Кожуф 37, Победа и Новаци 28, Тетекс 24, Осогово 23, Саса 20, Караорман 15.
СЛЕДНО 28. КОЛО (4 мај во 13 часот): Победа – Арсими, Охрид – Детонит, Саса – Кожуф, Новаци – Караорман, Беласица – Вардар, Осогово – Скопје, Башкими – Пелистер, Тетекс – Беса.