Во футсалот се многу шанси и многу голови. На мечот во Скопје, од 25. рунда на Втората футсал-лига на Македонија, Каршијака – Победа, постигнати се 22 гола. Дека ќе ги има многу се насети уште во третата минута. Уште тогаш на семафорот беше резултатот 4:0 за Каршијака. Конечниот резултат е 19:3. Стрелци: Енис Ибраими 6, Фуркан Ќани 4, Хамза Садики 3, Амар Мемеди 3, Иса Елмази 2, Бујар Адеми (Каршијака) – Никола Трајкоски 2, Бобан Недевски (Победа). Во оваа лига останува уште последното коло.
РЕЗУЛТАТИ 25. КОЛО: Каршијака – Победа 19:3, Скопје – Енхалон 8:2, Балкан – Кораби 7:10, Кратово – Козули 3:0, Јувентус – Мал Ајакс 9:4, Шкендија – Партизан , Университи – Проект 2:7.
ТАБЕЛА
ПОСЛЕДНО 26. КОЛО: Победа – Шкендија, Енхалон – Университи, Проект – Каршијака, Партизан – Јувентус, Мал Ајакс – Кратово, Конзули – Балкан, Кораби – Скопје.