Во Скопје, во Хотелот „Континентал“, од саботата во тек е Отвореното шаховско првенство на Македонија, со учество на 67 шахисти. Меѓу нив е прилепчанецот ФМ Роберт Велески, на стартната листа рангиран на 13. место. На досегашните пет кола забележа еден пораз (од ИМ Тони Лазов), едно реми (со Никола Бујуклиев) и три победи (против Тоше Габеров, Слободан Цветковски и Никола Радоњанин).
На првенството кое завршува со деветтото коло в сабота, прворангиран е ИМ Филип Панчевски .