Денеска (17 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се игра финалето од плејофот на општинските фудбалски лиги од ОФС Прилеп, Кадица (Забрчани) – Црвена ѕвезда (Сенокос). Претходно, во полуфиналето, Кадица со 3:1 ја совлада Стрела (Ерековци), а Црвена ѕвезда со 2:0 беше подобра од Влазними јуниор (Пресил). За денешниот дуел владее голем интерес, се очекува многу публика на трибината, затоа што победеникот станува првак на општинскиот ранг на ОФС Прилеп, а и стекнува право да учествува во Третата лига – Југ.
Минатата година првак беше Кадица.