Предмалку од Прилеп кон Скопје се упатија автобуси со навивачи за Победа, како помош за омилениот тим на денешниот бараж-меч со Куманово. Победникот е второлигаш, поразениот третолигаш. Меѓу прилепските навивачи има од сите генерации, најмлади, од средна возраст, дури и пензионери. За сите е обезбеден бесплатен превоз, храна и пијалаци. Сите се во убаво, оптимистичко расположение:
– Се собравме да дадеме поддршка на нашата Победа во овој значаен меч. Со неа сме кога е најтешко. Немаме друго очекување, освен сигурна победа – ни рече пред тргнувањето Кире Иваноски – Балче.
Мечот Победа – Куманово е од 17 часот на Стадионот „Ѓорче Петров“ во Скопје, каде судии се Димитар Пилешков, Ристо Ѓорѓиев и Александар Гигов сите од Штип.