Најубавото за Победа во сезоната што заврши е тоа што им се даде шанса на многу млади фудбалери, а тие ја искористија. Клупските симпатизери пријатно се изненадија од играчите, производ на школата на Победа.
И на вчерашниот меч за Купот со третолигашот Црвена ѕвезда од Сенокос, младите вложија сили да ги задоволат гледачите на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ кои бараат не само голови, туку и мајстории. Затоа уште на почетокот кога се отвораше резултатот, на теренот серија убави акции, потези и голгетерски способности. Во овој почетен период два убави гола на 17-годишниот Салим Арифи. Талентираниот напаѓач на Победа и голгетер во Супер-кадетската лига на Македонија, еве го стрела и во сениорскиот тим. За него головите како да се најлесната задача. Фудбалските љубители се распрашуваа меѓу себе дали ова е истото дете што дава многу голови и кај кадетите.
Сите се убедени дека на ова момче му претстои убава кариера.
ВИДЕО