Финалната серија од плејофот на Супер-лигата за добивање шампион на Македонија почнува денеска (17 ч.) во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп”. На мегдан се екипите Младост 96 и Крива Паланка. Прилепскиот тим ја брани титулата освоена минатата година и оди кон третиот трофеј, со оглед на тоа што беше шампион и во 2021 година. Важно е да се има предвид дека Крива Паланка почнува со предност од 1:0, поради подобриот резултат во меѓусебните дуели во основниот дел на Супер-лигата. Според тоа, ако Крива Паланка денеска го добие мечот, таа е нов шампион, а ако Младост 96 победи, во тој случај се игра уште еден меч, утре во Крива Паланка.
За Крива Паланка настапуваат: повеќекратниот македонски првак Кристијан Станојковски, младинецот Александар Јакимовски и Србинот Ѓорѓе Петровиќ. За Младост 96 најавени се: Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски, Лука Огненоски и Петар Костовски.