Фудбал

(фото) НОВИ ФУДБАЛЕРИ И НОВ ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР ВО ПОБЕДА!

Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се случи првиот собир на второлигашот Победа. Првиот позитивен впечаток е присуството на 25 првотимци. Тие го одработија првиот тренинг под инструкции на шефот на Стручниот штаб Јане Николоски и асистентот Стојанче Дунимаглоски.

Меѓу фудбалерите има нов, 20-годишниот битолчанец Мартин Андоновски, досегашен играч за врска од гевгелиски Кожуф. Од прилепскиот клуб најавуват уште нови следниве денови.

Во врска со пријателските натпревари, потврдено е дека планот е за вкупно седум. Еве го редоследот: на 17 јули со Борец во Прилеп, на 20 јули со Вардар Неготино во Прилеп, на 31 јули со Охрид, на 3 август со Беласица, на 10 август со Брегалница Штип, а во опција се уште два термина – 25 и 28 јули.

Во првата фаза, што ќе се одработува во Прилеп, ќе се одржуваат по два тренинга – на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ и во просториите од Кикбокс-клубот „Ронин“.

Новости и во Управниот одбор на Победа. Таму нов член е Никола Трајкоски, назначен за технички директор на клубот. Тој досега беше познат како претседател на Клубот за мал фудбал Победа, учесник во Втората футсал-лига на Македонија. Исто така, Трајкоски е познат и како долгогодишен член на Навивачката група „Мајмуни“.

Во врска со сите новости најавена е прес-конференција во ФК Победа за следниве денови, на која ќе има детали за поддршката на клубот од страна на Општина Прилеп.

Од категоријата

НАБРЗИНА ДВАПАТИ ПО ДВА ГОЛА!

Зоран Иге

ЗОШТО ХРВАТСКИОТ СЕЛЕКТОР ОДБИ ДА ГЛАСА?

Зоран Иге

ПРИЛЕП: НЕОЧЕКУВАН ОТПОР КОН ФАВОРИТОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе