Конечно, по вчерашната ждрепка и распоредот за Првата фудбалска лига на Македонија, од Комисијата за натпреварување на Фудбалската федерација на Македонија најавија ждрепка со распоред и за Втората фудбалска лига на Македонија. Таа ќе се случи в понеделник во 13 часот, според што ќе биде познато кој и каде ќе биде ривал на Победа во 1. коло. Познато е дека во Втората лига, покрај Победа, се уште екипите: Детонит (Радовиш), Арсими (Тетово), Охрид (Охрид), Беласица (Струмица), Вардар (Неготино), Башкими (Куманово), Скопје (Скопје), Кожуф (Гевгелија), Новаци (Новаци), Осогово (Кочани), Саса (Каменица), Брегалница (Штип), Македонија ЃП (Скопје), Вардарски (Богданци) и Борец (Велес).
Инаку, според ждрепката за Првата лига, во 1. рунда на 10/11 август, се среќаваат: Струга – Тиквеш, Брера – Вардар, Беса – Шкендија, Пелистер – Гостивар, Шкупи – Воска и Работнички – Силекс.