Денеска во Струмица заврши Државно екипно првенство на Македонија, на кое екипата од ШК Прилеп го освои високото трето место на конечната табела, веднаш под скопските – шампионот Алкалоид (за кого настапи прилепчанецот ВМ Звонко Станојоски) и под Гамбит.
Ова значи бронзен медал за Прилеп и обезбедено учество во Купот на европските шампиони. За да дојде до овој пласман, прилепскиот тим ги постигна овие резултати: Прилеп – Штајниц (Битола) 4-2, Прилеп – Пелагон (Прилеп) 3-3, Прилеп – Шкупи (Скопје) 4-2, Прилеп – Гамбит (Скопје) 0,5 – 5,5, Прилеп – Алкалоид (Скопје) 1-5, Прилеп – Гостивар 3-3, Прилеп – Куманово 4-2, Прилеп–Анпасан (Шипковица) 6-0. За Прилеп настапија: ВМ Мирослав Миљковиќ, ВМ Бобан Богосављевиќ, ИМ Тони Кироски, Дејан Ѓорѓиески, Стевчо Ѓорѓиевски и Кире Николоски.
АУДИО-РАЗГОВОР со ИМ Тони Кироски, клупски претседател и шахист