Моделарство

(видео, фото) ПРИЛЕП: ТРИ КОНТИНЕНТИ ВО БИТКА ЗА МЕДАЛИТЕ!

Следниве денови до 10 август Прилеп е домаќин на врвно меѓународно натпреварување –  Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство во рамките на ФАИ – Светската воздухопловна федерација. На теренот кај Веселчани ќе има голема борба за медалите во три категории – Ф1А, Ф1Б и Ф1Ц. Учесници се над 100 натпреварувачи од три континента – Европа (Македонија, Полска, Романија, Словачка, Шведска, Украина, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Унгарија, Израел), Северна Америка (САД), Азија (Кина, Монголија). Најмногу – 51 се во Ф1А, 39 се во Ф1Б, а 17 во Ф1Ц.

За Македонија ќе се борат: Дино Најдоски, Лука Најдоски, Михаил Пожарски (Ф1А) и Петар Цветановски (Ф1Б), 

По повод Светското првенство, во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа прес-конференција, на која кон јавноста се обратија неколкумина од организацијата, како Здравко Тодороски, директор на првенството и претставник од клубот домаќин Фил феникс, градоначалникот на Прилеп д-р Борче Јовчески, како и гости од странство – од Шведска и Бугарија.

– Големо е задоволството што повторно во Прилеп имаме настан кој е вреден за да се спомене и за којшто вреди многу да се работи. Пред се поради тоа што се работи за јуниори, коишто се иднината на воздухопловните спортови и на авијацијата воопшто. Со придржување кон сите строги пропозиции кои ги налагаат правилниците од меѓународната федерација, со поддршка од Локалната самоуправа, градоначалникот, меѓународното жири,  сите сме заангажирани овој светски настан, ова Светско првенство да успее – рече Здравко Тодороски.

ВИДЕО-обраќање на градоначалникот д-р Борче Јовчески

https://fb.watch/tNVSnOHpib/

Беше промовирана и поштенска марка со белезите на Светското првенство.

Од категоријата

(ВИДЕО+ФОТО) ТУРЧИН КАКО ФОРМУЛА 1 ЛЕТАШЕ ДРОН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: САМО НА МОГИЛА ИМА СПОРТ ЗА ГЛЕДАЊЕ!

Зоран Иге

МАКЕДОНЦИТЕ СО НОВИ ПОЕНИ ЗА СВЕТСКАТА ЛИСТА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе