Моделарство

(фото) СВЕТСКО ПРИЗНАНИЕ ДОБИ САМО ЕДЕН ЧОВЕК – ПРИЛЕПЧАНЕЦ!

Секоја година ФАИ (Меѓународната воздухоловна федерација) доделува по едно признание за заслужен поединец со најголем придонес кон воздухпловните спортски дисциплини, а за минатата година тоа е во рацете на Здравко Тодороски, првиот човек на Спортскиот воздухопловен клуб „Фил феникс“ од Прилеп. Вредноста на признанието го потврдува списокот на претходни добитници од 1988 година до денес, каде се 34 претставници на 17 држави: петмина од Велика Британија, по четворица од САД и Чешка, тројца од Полска, по двајца од Шведска, Швајцарија, Норвешка, Франција и Финска, по еден од Германија, Унгарија, Грција, Србија, Холандија, Кина, Латвија и Македонија.

 

На денешната прес-конференција во хотелот „Атлас“, токму Здравко Тодороски информираше за се значајно што беше претходната и што претстои во оваа година.

Во врска со 2023 година, беше изнесено дека членовите на „Фил феникс“ имаа одлични настапи. На светските купови освоени се три златни, три сребрени и три бронзени медали. На Државното првенство, во категоријата едрилици е освоено првото место во генерален пласман, екипно. Исто така, освоени се првите места и во сениорска и во јуниорска конкуренција. Пред се споменати се имињата на Анастасија Пожарска и Лука Најдоски, најдобриот спортист на клубот за 2023 година. Клубот во 2023 година успешно ги организира традиционалните натпревари, како светските купови „Прилеп куп – трофеј на Прилеп“ и „Македонија куп“, како и Светскиот куп за дронови.

Интересно е и она што претстои. Новина е тоа што воздухопловното спортско моделарство ќе биде присутно и во училиштата, во училишните сали меѓу учениците. Клупските членови ќе учествуваат на врвни домашни и меѓународни натпревари, а најважни се светските купови и светските првенства. Светското сениорско првенство ќе се одржи во Романија (потенцијални учесници се Димче Велкоски и Анастасија Пожарска), а Светското јуниорско (учесници Лука Најдоски и Михаил Пожарски) е од 6 до 10 август во Прилеп, кај Веселчани. По овој повод, наскоро ќе има и поштенска марка со мотиви од овој голем спортски настан во Прилеп.

На денешната прес-конференција беа доделени признанија на заслужни поединци, како и сертификати од ФАИ.

Од категоријата

МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Зоран Иге

ПРИЛЕП Е СРЕЌЕН ЗА ШВЕЃАНЕЦ, СРБИН И ФРАНЦУЗИН!

Зоран Иге

ДЕТЕ ПРИЛЕПЧАНЧЕ ГИ ПОБЕДИ СИТЕ ВОЗРАСНИ НА СВЕТСКИОТ КУП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе