Денеска заврши четиридневниот Трет меѓународен фудбалски турнир „Прилеп куп 2024“ на Стадионот „Могила“ во Прилеп. Познати се најуспешните екипи и поединци во сите возрасни категории. Сите примија награди – пехари, плакети и медали од организаторите, Општина Прилеп и Фудбалската школа Тони.
Наградите денеска ги врачија: д-р Борче Јовчески – градоначалник на Прилеп, Тони Наумоски – сопственик на Фудбалската школа Тони, Дарко Тофилоски – долгогодишен голман и Александар Крстески – некогашен стопер.
ГЕНЕРАЦИЈА 2016
1.Перак (Прилеп)
2.Еврофудбал (Охрид)
3.Ултрас кидс (Струга)
Играч: Дино Вашарески (Перак)
Голман: Алексеј Тофилоски (Перак).
ГЕНЕРАЦИЈА 2015
1.Тиквеш (Кавадарци)
2.Перак
3.Прилеп Тони (Прилеп)
Играч: Виктор Димитриев (Тиквеш)
Голман: Борјан Спиркоски (Еврогол, Прилеп).
ГЕНЕРАЦИЈА 2014
1.Перак
2.Прилеп Тони
3.Еврогол (Прилеп)
Играч: Илијан Јовески (Прилеп Тони)
Голман: Павел Китаноски (Перак).
ГЕНЕРАЦИЈА 2013
1.Перак
2.Пелистер
3.Ферплеј (Охрид)
Играч: Мартин Цакоски (Перак)
Голман: Кико Тофилоски (Перак)
ГЕНЕРАЦИЈА 2012
1.Пелистер
2.АП Талент (Прилеп)
3.Јединство Бошњаце (Лесковац, Србија)
Играч: Михаил Кочовски (Пелистер)
Голман: Илин Мирчески (АП Талент)
ГЕНЕРАЦИЈА 2011
1.Караорман (Струга)
2.Вондер кидс (Прилеп)
3.Победа (Прилеп)
Играч: Дејан Наумоски (Караорман)
Голман: Коки Велкоски (Караорман).