Фудбал

состави, стрелци) ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ДАДЕ ГОЛ ВО ШТИП, МИРИСАШЕ И НА ПЕНАЛ, ВТОРИОТ ПРИМЕН ГОЛ ОД ОФСАЈД,НО…

Почна првенството во Втората фудбалска лига на Македонија. Во Штип, на дербито Брегалница – Победа 2:1. Стрелци: Иван Глигоров 20, Рејан Абази 53  (Б) – Дамјан Ангелковски 67 (П). Домашниот тим иако голем фаворит не стигна лесно до победата. Гостите до последните моменти се бореа за израмнување. Во првото полувреме имаше ситуација која мирисаше на пенал за Победа, но не беше досуден. Гледано од прилепскиот табор спорен е вториот гол за штипскиот тим, во акција каде стрелецот се чини е во офсајд. Капитен кај Брегалница беше прилепчанецот Зоран Даноски, кај Победа како и досега голманот Антонио Столевски.

БРЕГАЛНИЦА: Серафимов, Стојков, Хаџи-Кимов, Глигоров, Галевски (71. Радевски), Даноски (71. Попоски), Абази (84. Иванов), Димитриевски, Џ. Адили (35. Ивановски), Чиљафи, Калпачки. Тренер: Трајче Сенев.

ПОБЕДА: Столевски, Ивчески (82. Миланоски), Фејзуловски, Д. Дебрешлиоски (66. М. Талески), Да. Спиркоски (82. С. П. Спиркоски), Н. Талески, Ѓурчиновски (63. Л. Петејчук), Ангелковски, Д. Шаркоски, Кофиловски, Богевски (63. И. Трајкоски). Тренер: Јане Николоски.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО: Брегалница – Победа 2:1. Осогово – Вардар Н. 1:2, Скопје – Вардарски 2:2, Кожуф – Саса 2:2, Детонит – Новаци 2:4, Македонија ЃП – Охрид 2:0, Арсими – Беласица 4:2, Борец – Башкими вторник.

СЛЕДНО 2. КОЛО (24 август во 16 часот): Победа – Борец, Вардар Н. – Беласица, Охрид – Арсими, Башкими – Македонија ЃП, Новаци – Брегалница, Саса – Детонит, Вардарски – Кожуф, Осогово – Скопје.


Од категоријата

(аудио) ШТО ИМА НОВО ВО ПОБЕДА – ОД ТРЕНЕРОТ НИКОЛОСКИ

Зоран Иге

ШКЕНДИЈА ЈА ЧЕКААТ ИЛЈАДНИЦИ ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОВЕЌЕ ОПЦИИ ЗА ТРЕНЕР, МЕЃУ НИВ НЕ Е БУБАЊА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе