Суперлигашкото пингпонгарско првенство е на почетокот од октомври, но уште отсега се знае играчкиот кадар во екипата Младост од Прилеп. Според тренерот и играч Зоран Јованоски, има многу измени во споредба со претходното првенство, во кое е освоено високото трето место.
Значи, не се смета веќе на младите играчи – Нико Доага, Софија Хасану, Лука Стојчев и Дамјан Стојчев, така што клубот останува со искусните Зоран Јованоски и Ѓоко Јочкоски, како и со младите крушевчаниТеодор Волкановски и Фани Јованоска.
До почетокот на првенството е можноста за учество на турнирите во Берово и Скопје.