Според ждрепката во Кавадарци, распоредот за Третата фудбалска лига – Југ донесе интересни мечеви уште во првото коло, на 8 септември во 15 часот. Тој ден има големо дерби во Крушево, каде се среќаваат Питу Гули и Големо Коњари. И на теренот кај Могилата во Прилеп е привлечен дуел, Ултрас – Младост (Кривогаштани). Еве ги и другите дуели: Бучин – Превалец (Велес), Башкими (Горно Јаболчиште, Велешко) – Росоман. Марена – Обршани, Влазними (Пресил, Крушевско) – Венец (Долни Дисан, Неготинско) и Дреново (Кавадаречко) – Слога (Лажани).
Последното, 13. есенско коло е планирано за 1 декември во 13 часот.